Monday, February 12, 2018

''Прва љубов'' - Иван Тургенев


Прва љубов е автобиографско  дело на  руски раскажувач Иван Тургенев.Носител на дејството е младиот Владимир Петрович, 16 годишно момче кое живее со своите родители во вила во Нескучни. Настаните се случуваат во 1 833 година.
Неговата мајка била постара од татко му 10 години, и била  многу љубоморна жена. Татко му  Петр Василевич бил строг , студен и самоуверен човек. Со доаѓање на новите соседи , семејството на 21 годишната Зианда Александровна Засекина започнува  и љубовниот немир кај момчето. Секојдневните средби во паркот допринесуваат тој  целосно да се предаде на љубовниот занес. Приказната  го остигнува заплетот кога тој дознава дека во истата девојка е вљубен и неговиот татко. Тоа многу го разочарува. Семејството се преселува во Петроград каде Владимир студира.После шест месеци татко му умира откако претходно од Москва добива писмо дека девојката е бремена.Изминуваат четири години а Владимир дознава дека Засекина се омажила  за богатиот Долски но дека на пораѓај починала.
Младоста, занесот и љубовта се испреплетени во ова дело на Тургенев.

Првата љубов остава големи траги

                                                   
Љубовта е чувство кое секој човек го доживува. Треперење на срцето, возбуда, насмеан лик и расеаност се само неколку од бројните состојби во кои се наоѓаме кога сме вљубени. Љубовта е да се будиш наутро со помислата дека некому си потребен. Тоа е збор полн со чувства и емоции. Деновите без љубов се залудно потрошени денови. Љубовта едноставно се случува кога најмалку очекуваме, но кога ќе не обземе не можеме да ја контролираме и не можеме да ја спречиме.Се појавува како молња а зрачи како сонцето. Љубовта не може да се купи и продаде.Љубовта е несебична. Не можеме да натераме некој да не сака, ниту пак можеме да спречиме некого во тоа.  Љубовта нема граници. Таа доаѓа случајно, по своја  желба и  не може да биде планирана од страна на човекот. Љубовта не може да биде награда, но не може да биде ниту  казна, но може да биде - надеж. Таа е еден вид на пријателство,како кога се зближуваш со некого и со него  го делиш секојдневието.Љубов значи дека ги прифаќаме добрите и лоши страни на одредена личност.Да сакаш некого значи да ти е убаво со него и кога се молчи.
Се смета дека првата љубов остава траги. Големите лаги и неверства ја уништуваат љубовта. Само мал број на луѓе останале засекогаш со своите први љубови.Честопати после љубов доаѓа раздеба. Љубовта не се појавува само еднаш во животот на човекот . Во тоа е нејзината маѓија. Спомените на првата љубов , остануваат во минатото, спомени кои го одрзуваат човекот и често се сеќаваат на неа.