''Силјан Штркот'' -Марко Цепенков
Силјан Штркот е познато дело од Марко Цепенков.Напишано е на народен македонски јазик со прилепски дијалект. Настаните започнуваат опишувајќи го скромното семејство на Божин и Стојна кои живеат во мала селска куќа со своите деца Силјан и Босилка.Силјан е дете кое е многу галено и чувано , прикажан како лик кој нема грижа на совест и не ги почитува своите родители . Уште на 16годишна возраст го женат со Неда, но тој не е подготвен за брак и си продолжува да си живее онака како нему му одговара. Ништо не помага по дома и постојано е по меани. Неговиот татко е многу загрижен и се обидува даго врати на прав пат, обраќајжи му се :" Сине бре чедо бре Силјане!жостај се , бре чедо , од лошиот
ајљазлак што си го фатил...
остај се од тие лоши другари...
слушај ме синко, синко,јас што те учам и мајка ти,
оти ќе те фати некоја клетва од нас,
бре синче Силјане!
Но овие молби не допираат до Силјан и тој продолжува да си тера по свое.
Така лутајќи , не помислувална домашните ниту на тоа колку тие се грижат за него...талкајќи се упатил кон " Божјиот гроб ".Дошол до Солун и со гемија тргнал на пат.Но ги зафаќа бура и гемијата се превртува ...единствно Силјан останува жив.
Силјан стигнува во некоја чудесна земја , земја со чудни ликови кои имаат долги нозе и носови..Силјан си ја добил казната..почнал да работи на нива.Многу се променил,станал вреден и одговорен.Многу тагувал по семејството.Од штрковата вода штом се напил и самиот станал штрк.По долго летање стасал до Марковите кули.Бил среќен што ќе си го види семејството. Направил гнездо во неговата родна куќа и си ги гледал своите најмили.По една година откако се напил од човечката вода се претворил во човек.
Сосем променет се појавил пред семејството.Сите биле среќни.Силјан си ги признал грешките и продолжил вредно да работи.
Monday, March 26, 2018
Monday, March 19, 2018
''Вујко Вања'' - Антон Павлович Чехов
Едно од најпознатите драматурски дела од Чехов, кое и до денес е читано, преаскажувано и поставувано на театрските сцени е ''Вујко Вања''.Станува збор за драма во која се соочуваат различни ликови, на кои заедничко им е нивната психолошка состојба.Без разлика дали зборуваме за Вујко Вања, или за Соња или за стариот професор и неговата сопруга, или пак можеби за докторот , зборуваме за личности кои се разочарани , депресивни и затворени во својот свет.Вујко Вања е скромен и мирен човек, трудољубив и чесен.Тој нема свое семејство а ја има само својата внука Соња.Деноноќно работи на имотот на Серебрајков , го одржува во пристојна состојба и ужива во тоа. Немирот на Вујко Вања се буди кога осознава дека неговиот живот е бесцелен а особено се повлекува во себе кога сваќа дека на неговата љубов не му возвраќа Елена.Кулминација на драмата се случува кога Серебрајков решава да го продаде имотот , лутината го наведува Вујко Вања да нишани со огнено оружје кон нго. За среќа куршумот завршува настрана и никој не е повреден. По ова Серебрајков го остава имотот , а тој заедно со младата сопруга Елена се отселува .Серебрајков е стар, боле и љубоморен.Тој постојано ги обвинува сите и е многу негативен Елена има само 27 години а е мажена за многу постар човек, заради што сите ја сожалуваат.И нејзинат а смисла заживот е изгубена.
Чехов ни ги прикажува ликовитеонакви какви што се , прикаќувајќи ни го нивното досадно секојдневие.
Monday, February 12, 2018
''Прва љубов'' - Иван Тургенев
Прва љубов е автобиографско дело на
руски раскажувач Иван Тургенев.Носител на дејството е младиот Владимир Петрович,
16 годишно момче кое живее со своите родители во вила во Нескучни. Настаните се
случуваат во 1 833 година.
Неговата мајка
била постара од татко му 10 години, и била многу љубоморна жена. Татко му Петр Василевич бил строг , студен и
самоуверен човек. Со доаѓање на новите соседи , семејството на 21 годишната
Зианда Александровна Засекина започнува
и љубовниот немир кај момчето. Секојдневните средби во паркот допринесуваат
тој целосно да се предаде на љубовниот
занес. Приказната го остигнува заплетот
кога тој дознава дека во истата девојка е вљубен и неговиот татко. Тоа многу го
разочарува. Семејството се преселува во Петроград каде Владимир студира.После
шест месеци татко му умира откако претходно од Москва добива писмо дека
девојката е бремена.Изминуваат четири години а Владимир дознава дека Засекина се
омажила за богатиот Долски но дека на
пораѓај починала.
Младоста, занесот
и љубовта се испреплетени во ова дело на Тургенев.
Првата љубов остава големи траги
Љубовта е чувство кое
секој човек го доживува. Треперење на срцето, возбуда, насмеан лик и расеаност
се само неколку од бројните состојби во кои се наоѓаме кога сме вљубени. Љубовта
е да се будиш наутро со помислата дека некому си потребен. Тоа е збор полн со чувства
и емоции. Деновите без љубов се залудно потрошени денови. Љубовта едноставно се случува кога најмалку очекуваме,
но кога ќе не обземе не можеме да ја контролираме и не можеме да ја спречиме.Се
појавува како молња а зрачи како сонцето. Љубовта не може да се купи и продаде.Љубовта е несебична. Не можеме да натераме некој да не сака, ниту пак можеме да спречиме некого во тоа. Љубовта нема граници.
Таа доаѓа случајно, по своја желба
и не може да биде планирана од страна на човекот. Љубовта не може да биде награда, но не може да биде ниту казна, но може да биде - надеж. Таа е еден вид
на пријателство,како кога се зближуваш со некого и со него го делиш секојдневието.Љубов значи дека ги прифаќаме
добрите и лоши страни на одредена личност.Да сакаш некого значи да ти е убаво со
него и кога се молчи.
Се смета дека првата љубов
остава траги. Големите лаги и неверства ја уништуваат љубовта. Само мал број на
луѓе останале засекогаш со своите први љубови.Честопати после љубов доаѓа
раздеба. Љубовта не се појавува само еднаш во животот на човекот . Во тоа е
нејзината маѓија. Спомените на првата љубов , остануваат во минатото, спомени
кои го одрзуваат човекот и често се сеќаваат на неа.
Subscribe to:
Comments (Atom)