''Силјан Штркот'' -Марко Цепенков
Силјан Штркот е познато дело од Марко Цепенков.Напишано е на народен македонски јазик со прилепски дијалект. Настаните започнуваат опишувајќи го скромното семејство на Божин и Стојна кои живеат во мала селска куќа со своите деца Силјан и Босилка.Силјан е дете кое е многу галено и чувано , прикажан како лик кој нема грижа на совест и не ги почитува своите родители . Уште на 16годишна возраст го женат со Неда, но тој не е подготвен за брак и си продолжува да си живее онака како нему му одговара. Ништо не помага по дома и постојано е по меани. Неговиот татко е многу загрижен и се обидува даго врати на прав пат, обраќајжи му се :" Сине бре чедо бре Силјане!жостај се , бре чедо , од лошиот
ајљазлак што си го фатил...
остај се од тие лоши другари...
слушај ме синко, синко,јас што те учам и мајка ти,
оти ќе те фати некоја клетва од нас,
бре синче Силјане!
Но овие молби не допираат до Силјан и тој продолжува да си тера по свое.
Така лутајќи , не помислувална домашните ниту на тоа колку тие се грижат за него...талкајќи се упатил кон " Божјиот гроб ".Дошол до Солун и со гемија тргнал на пат.Но ги зафаќа бура и гемијата се превртува ...единствно Силјан останува жив.
Силјан стигнува во некоја чудесна земја , земја со чудни ликови кои имаат долги нозе и носови..Силјан си ја добил казната..почнал да работи на нива.Многу се променил,станал вреден и одговорен.Многу тагувал по семејството.Од штрковата вода штом се напил и самиот станал штрк.По долго летање стасал до Марковите кули.Бил среќен што ќе си го види семејството. Направил гнездо во неговата родна куќа и си ги гледал своите најмили.По една година откако се напил од човечката вода се претворил во човек.
Сосем променет се појавил пред семејството.Сите биле среќни.Силјан си ги признал грешките и продолжил вредно да работи.
No comments:
Post a Comment