Tuesday, February 28, 2017

Обработка на Лектирно дело „Времеплов“ од Х.Џ. Велс

Блогот на Марко Марашевиќ

За обработка на лектирата Времеплов од авторот Х.Џ.Велс имавме задача да се поделиме во групи.Јас и Дино ги анализиравме судирите/проблемите.За ликовите беше Илина,а за чувствата беше задолжена Анастасија.                      , 
Цело време бевме во комуникација и се договаравме, сакајќи оваа задача успешно да ја завршиме.  
Оваа лектира со својата невообичаена тема ни пренесе  едно доживување, ни ги пренесе авантурите на  Џорџ, наречен Времепловецот. Овој научник создал временска машина со која можел да патува низ времето.
Уште на почетокот, претставувајќи го својот изум на пријателите започнуваат проблемите.Сите биле скептични и верувале дека ваква машина е непотребна.
И при обидот да најде подобро место за живеење Времепловецот се судира со проблеми.
Тој бил  зачуден и заради постојаниот судир помеѓу Елоите и Моролците,заради нивната вечна борба.
Желбата на Времепловецот да истражува и при тоа да помага се испреплетени во целото дејство на делото Времеплов. Тоа се гледа и во моментот кога девојката Вина се дави а Џорџ и помага,
Времепловецот понекогаш е во судир со самиот себе.Во моментите кога не добива поддршка од своите пријатели ја преиспитува одлуката, но сепак се обидува да истрае во своите планови.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдоброто за младите на моја воздраст?

Се во свое време...... честопати слушаме од постарите. Во овие неколку збора е одговорот на многу прашања со кои сакаме да си ги објасниме добрите  или лоши настани што се случуваат во нашите животи. Нема само добри и само лоши времиња, или пак најдобри и најлоши .

Добро е затоа што сме родени во мир. За среќа на сите нас нема војни и страдања овде кај нас и растеме и се образуваме без да ги делиме проблемите кои ги имаат децата кои живеаат во земјите каде има војни и страдања. Жално е што не можеме и ним да им помогнеме да и тие имаат дел од нашата среќа што сме родени во мир.

Добро е затоа што живееме во еден вид на благосостојба. Се уште јас и моите соученици моите
другари од маало имаме доволно храна и облека и услови за живеење кои ги немаат на многу места на овој на свет. Сето тоа ни овозможува да можеме да растеме и се развиваме и допринесем за доброто на нашата земја и светот.

Добро е што ја имаме на наше располагање сета напредна технологија која ни овозможува да комуницираме меѓу нас,  да разменуваме мислења, да го скратуваме потребното време во извршувањето на одредени задачи, да го имаме како што се вели светот на дланка и да дознаваме за многу нешта , добри или лоши од целиот свет преку нашите компјутери.

Како што реков нема само добри и лоши времиња. Се е измешано и доброто и лошото и за среќа на сите нас се уште доброто е застапено во поголема мерка. Зато јас пишував само за доброто и некако како да сакав да прикријам дека не е добро тоа што деновите ги поминуваме
заробени во игар на компјутерите, во постојан контакт преку разни апликации со телефоните , а се помалку во играње со другарите по паркови, свирење гитара и пеење по дворови. 
Но се во свое време.