Добро е затоа што сме родени во мир. За среќа на сите нас нема војни и страдања овде кај нас и растеме и се образуваме без да ги делиме проблемите кои ги имаат децата кои живеаат во земјите каде има војни и страдања. Жално е што не можеме и ним да им помогнеме да и тие имаат дел од нашата среќа што сме родени во мир.
Добро е затоа што живееме во еден вид на благосостојба. Се уште јас и моите соученици моите
другари од маало имаме доволно храна и облека и услови за живеење кои ги немаат на многу места на овој на свет. Сето тоа ни овозможува да можеме да растеме и се развиваме и допринесем за доброто на нашата земја и светот.
Добро е што ја имаме на наше располагање сета напредна технологија која ни овозможува да комуницираме меѓу нас, да разменуваме мислења, да го скратуваме потребното време во извршувањето на одредени задачи, да го имаме како што се вели светот на дланка и да дознаваме за многу нешта , добри или лоши од целиот свет преку нашите компјутери.
Како што реков нема само добри и лоши времиња. Се е измешано и доброто и лошото и за среќа на сите нас се уште доброто е застапено во поголема мерка. Зато јас пишував само за доброто и некако како да сакав да прикријам дека не е добро тоа што деновите ги поминуваме
заробени во игар на компјутерите, во постојан контакт преку разни апликации со телефоните , а се помалку во играње со другарите по паркови, свирење гитара и пеење по дворови.
Но се во свое време.
Се согласувам со тоа што си го напишал, бидејќи во право си за тоа што го напиша дека ние живееме во мир додека некои луѓе живеат во земји каде што постојано се војува.Но не се согласувам само со тоа дека не можеме да им помогнеме јас мислам дека можеме да им помогнеме на најразлични начини.
ReplyDelete