Tuesday, February 28, 2017

Обработка на Лектирно дело „Времеплов“ од Х.Џ. Велс

Блогот на Марко Марашевиќ

За обработка на лектирата Времеплов од авторот Х.Џ.Велс имавме задача да се поделиме во групи.Јас и Дино ги анализиравме судирите/проблемите.За ликовите беше Илина,а за чувствата беше задолжена Анастасија.                      , 
Цело време бевме во комуникација и се договаравме, сакајќи оваа задача успешно да ја завршиме.  
Оваа лектира со својата невообичаена тема ни пренесе  едно доживување, ни ги пренесе авантурите на  Џорџ, наречен Времепловецот. Овој научник создал временска машина со која можел да патува низ времето.
Уште на почетокот, претставувајќи го својот изум на пријателите започнуваат проблемите.Сите биле скептични и верувале дека ваква машина е непотребна.
И при обидот да најде подобро место за живеење Времепловецот се судира со проблеми.
Тој бил  зачуден и заради постојаниот судир помеѓу Елоите и Моролците,заради нивната вечна борба.
Желбата на Времепловецот да истражува и при тоа да помага се испреплетени во целото дејство на делото Времеплов. Тоа се гледа и во моментот кога девојката Вина се дави а Џорџ и помага,
Времепловецот понекогаш е во судир со самиот себе.Во моментите кога не добива поддршка од своите пријатели ја преиспитува одлуката, но сепак се обидува да истрае во своите планови.

3 comments:

  1. Убаво е напишано се и добро сте се определиле. Добро објаснето за судирите и добра организација.

    ReplyDelete
  2. Според мене во групата добро сте се распоредиле и секој ја добил соодветната задача.Исто така и ова е добро напишано

    ReplyDelete
  3. Добро сте се распоредиле и одлично сте ја завршиле работата.Тексот е многу убаво напишан

    ReplyDelete