''Сердарот'' - Григор Прличев
Основна идеја на поемата Сердарот е да се прикаже минатото на македонскиот народ и нивната желбата за слобода.
Кузман Капитан е носител на дејството на оваа потресна поема на врвниот писател Григор Прличев. Кузман е претставен како заштитник на македонскиот народ,човек кој неизмерно ја сака својата мајка,а го почитува својот народ и прави се за да го ослободи од непријателот,кој секојдневно го тероризира. Тој решително влегува во пресметка со окупаторот. Кузман е претставен како храбар,неуморен борец за слобода на својот напатен народ. Карактеризиран е како чесен, мирен и пожртвуван бестрашен човек кој ги мотивира своите другари да му се придружат во борбата за слобода. Тој е подготвен и го дава својот живот за слободата. Роден е во Река,неговиот дедо се викал Раде а татко му Станко. И тие биле храбри борци,тоа Кузман го наследил од нив. Кузман е горд син на Сердар-водач. Уште како мал сонувал дека има меч кој ќе му користи за да ја заштити својата мајка од разбојничките банди. Сонот му се исполнил,со меч во рака рамо до рамо со своите другари се пуштил во борба која била нерамноправна.Тие биле малубројни во однос на добро вооружениот непријател.Во една таква битка на двобој со Махмуд,Кузман загинал.Токму овој двобој на многу сликовит начин ни го претставил авторот.Во ова се гледа и совршенството на оваа поема,фактот што албанците-гегите се поклонуваат на јунаштвото на Кузман.Тој како и сите млади луѓе има и своја сакана,тоа е младата и убава девојка Марија,со која сакал да остане до крајот на животот.За жал смртта ги разделува а неговата свршеница која е тивка и умерена личност утеха во својата тага, наоѓа во тоа што се закалуѓерува во манастир.
Ликот на Кузмановата мајка Неда во Прличево дело е претставен со огромна љубов и нежност.Таа целиот свој живот му се посветува на својот син Кузман кој израснал во храбар јунак,достоен да го заштити поробениот македонски народ.Преку ликот на Неда авторот ги претставува секојдневните навики на македонскиот народ.Колку што е голема љубовта кон својот син,уште поголема е нејзината тага што таа ја доживува кога ќе дознае дека го загубила.Со посебни зборови се опишани сонот и лошото претчуство што Неда го има пред да ја дознае трагичната вест.
Неда е претставена како горда жена.Нејзиниот плач и болката која ја чуствува ја прави уште посилна,поодлучна во желбата да се спротивстави на непријателот.Помислата дека останува без својот син единец, без својот заштитник ја растревожува. Омразата преминува во бес и желба за одмазда. Неда од срце посакува слобода,сака да му помогне на напатениот народ,сака болката која таа ја доживеала, ниедна мајка-никогаш да не ја почувствува.Нејзиниот крик кога дознава за страшната вест, се шири низ целата околина на Река: Неда го зема мечот во раце и ветува дека ќе ја продолжи борбата за слобода .
Средишно место во оваа поема заземаат Гегите- албанците.Тоа се непријателите кои секојдневновршат терор врз македонскиот народ.Тие го пљачкосуват населението.Херој кој не се плаши од ништо , човек како Кузман никогаш немаат сретнато.Во еден стих тие се обраќаат на мајка Неда:
..јас не сретнав појунак човек жено,од сина ти сакан,
И блажени нека се твоите гради довек,што го отхраниле така...
Гегите во оваа поема се претставени како негативни ликови, како немилосрдни убијци.
Тие искажуваат и еден вид на чесност, кога го носат мртвото тело на Кузман во домот на мајка Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда македонско население.На тој начин, сепак, тие ја покажуваат својата човечност.Стариот Албанец сосвојата мудрост и желба да ја утеши тажната мајка и се обраќа со зборовите:
...и везден ти да плачеш, имаш и зошто...ти загуби о, мајко џин...
Стариот албанец ја опишува борбата помеѓу Кузман и Мухамед , борба во која Кузман загинал. Од голема почит кон јунакот,старецот ветил дека Гегите никогаш нема да ја навредат , ниту пак нападнат Неда, дека таа секогаш ќе биде заштитена.
Ова покажува дека Кузман е лик на возвишено јунаштво кој е почитуван дури од непријателот.
И покрај вака искажаните зборови, Неда не само што не прифаќа да биде заштитена туку најжестоко влегува во борба против непријателот, во борба за одмазда на својот син.
Григор Прличев веродостојно ја опишал општествено-политичката состојба на македонскиот народ од Галичник и Река.
No comments:
Post a Comment