Sunday, November 26, 2017

Опис на ликот Рафаел

                                                     Опис на ликот Рафаел

Шагринска кожа е дело на францускиот романописец, Оноре де Балзак.Дејството се случува во Париз во почетокот на 19 век, а главен лик е Рафаел де Валентин.Тој е млад,достоинствен и многу наивен.Мечтае да има богат и раскошен живот.Заради тоа ги троши и последните пари во коцкарница,надевајќи се дека одеднаш ќе побегне од сиромаштијата и ке стане богат.Тој смета дека сиромаштијата е причина за сите свои неуспеси.Не ја цени добрината на луѓето ниту смета дека таа му е потребна.Рафаел има лабилен карактер а тоа се гледа кога решава да си го одземе животот, штом сватил дека нема повеќе пари. Сепак шетајќи влегува во една антикварница и решава да купи парче  шагринска кожа за која дознава од продавачот дека истата исполнува желби.За жал не дослушува докрај , дека таа постепено се троши , а со тоа згаснува и животот.
Оддеднаш влегол во светот на богатите и сите почнале да го почитуваат.Животот на Рафаел се променил бидејќи можел да си купи се што ќе посака.Сепак се чувствувал осамено и тажно бидејќи неможел да ја освои убавата Федора.Повеќе од јасно му станува дека љубовта неможе да се купи со пари.Лакомо посакува желби а со тоа се троши шагринската кожа.Љубовта, нежноста и вниманието ги осознава, но за жал на крај од животот. Полин, девојката која уште на почетокот појавува интерес за него а бидејќи е сиромашна тој ја отфрла, е единствената која му ги подарува  моменти на среќа.
Рафаел е  конфузен лик, постојан бунтовник, незадоволник без особена причина.
Предоцна сваќа дека животот има и други вредности.

Saturday, November 18, 2017

Повик на дивината

                                                             Повик на дивината

     Главен лик во романот ''Повик на дивината'' е кучето Бак.Тоа е убаво, расно и цивилизирано куче. Живее на имотот на судијата Милер.Сите го почитуваат и има мирен и удобен живот.
     Но, мирниот живот завршува, откако го киднапираат и продаваат на Дивиот Север.Поради Златната треска,потребата од кучиња се зголемила.И сите ги чека иста судбина.
     Прво го учат законот на стапот и забите.А потоа како се влече санка и секојдневна напорна работа.Постојано се изложени на студ, ќотек.Односот меѓу кучињата се состои од постојана борба за превласт, љубомора, кражби за храна.
    Дури кога го запознава Џон Торнтон, овој кошмар завршува.Со него прв пат се стекнува со вистински пријател и однос исполнет со љубов и почит.Бак го обожува својот нов господар и спремен е се да направи за него.
  Деновите минати на патот кон Исток го подготвуваат Бак за новиот живот во Дивината.Учи да лови и да се одбранува и да се бори сам.Смртта на Џон му паѓа многу тешко и Бак останува сосема сам.Но, со тоа исчезнува и последната врска со цивилизацијата.

Monday, November 6, 2017

Панонски Легенди

                                                                ''Панонски легенди''

Панонските легенди претставуваат дел од најстарите словенски книжевни дела кои имаат книжевно-историска вредност.Се смета дека Панонските легенди прво биле напишани на грчки јазик,а потоа биле преведени на словенски јазик.За ова нема сигурни докази.Инаку општо е прифатено мислењето дека оригиналот на Панонските легенди бил напишан на словенски јазик.Ова се опширни житија на браќата словенски просветители Кирил и Методиј.Панонските легенди содржат податоци за животот и работата на творците на првата словенска азбука,словенската писменост и книжевност.Во Солун е роден Кирил како седмо дете на Лав и Марија. Лав бил помошник на воениот командант на солунската област а Марија потекнувала од видно семејство блиско до царскиот дворец.Земајќи предвид дека Кирил имал можност да се здобие со солидно образование.Во училиште покажувал голем успех,бил библиотекар,а работел и како наставник по филозофија во Магнуарската школа.Бил испраќан во три мисии : Арапската мисија,Хазарската мисија и Моравската мисија.Најзначајна мисија е Моравската,бидејќи заради неа ќе биде создадена првата словенска азбука.Завршниот дел на житието на Св.Кирил ги опишува неговите последни денови и неговата смрт.Негова последна желба е да се сочува и продолжи неговото дело.

Житието на Методиј е напишано 16 години подоцна.Бидејќи потекнувал од висок род,тој бил управител на една словенска област.Методиј се замонашил на планината Олимп.Во ова житие е прикажана борбата на Методиј со германското свештенство.Методиј работел во тешки услови и за шест месеци тој успеал да ги преведи богослужбените книги од грчки на словенски јазик.Во крајниот дел на неговото житие е прикажан погребот и неговата последна желба за свој наследник и продолжувач на делото да го назначи Горазд.