Шагринска кожа е дело на францускиот романописец, Оноре де Балзак.Дејството се случува во Париз во почетокот на 19 век, а главен лик е Рафаел де Валентин.Тој е млад,достоинствен и многу наивен.Мечтае да има богат и раскошен живот.Заради тоа ги троши и последните пари во коцкарница,надевајќи се дека одеднаш ќе побегне од сиромаштијата и ке стане богат.Тој смета дека сиромаштијата е причина за сите свои неуспеси.Не ја цени добрината на луѓето ниту смета дека таа му е потребна.Рафаел има лабилен карактер а тоа се гледа кога решава да си го одземе животот, штом сватил дека нема повеќе пари. Сепак шетајќи влегува во една антикварница и решава да купи парче шагринска кожа за која дознава од продавачот дека истата исполнува желби.За жал не дослушува докрај , дека таа постепено се троши , а со тоа згаснува и животот.
Оддеднаш влегол во светот на богатите и сите почнале да го почитуваат.Животот на Рафаел се променил бидејќи можел да си купи се што ќе посака.Сепак се чувствувал осамено и тажно бидејќи неможел да ја освои убавата Федора.Повеќе од јасно му станува дека љубовта неможе да се купи со пари.Лакомо посакува желби а со тоа се троши шагринската кожа.Љубовта, нежноста и вниманието ги осознава, но за жал на крај од животот. Полин, девојката која уште на почетокот појавува интерес за него а бидејќи е сиромашна тој ја отфрла, е единствената која му ги подарува моменти на среќа.
Рафаел е конфузен лик, постојан бунтовник, незадоволник без особена причина.
Предоцна сваќа дека животот има и други вредности.
No comments:
Post a Comment