Ликот на Бастијан во романот ,,Бескрајна приказна"
Бескрајна приказна е фантастичен роман во кои што носител на дејството е Бастијан Балдазар Букс, момче на десет-единаесет годишна возраст. Живее едноставен живот ,неговата мајка починува на операција а грижата за него ја презема татко му кој е забен техничар. Има се што едно дете посакува...топол дом, многу играчки, аквариум со риби, велосипед, фотоапарат ..но се чувствува многу осамен. Особено задоволство му претставува читањето книги.
Така и започнува оваа Бескрајна приказна...Бастијан влегува во една антикварница од каде по краток разговор со продавачот Карл Конард Корендер искористувајќи го неговото невнимание, ја зема. ја краде книгата која се наоѓала на полицата. Ја става под јакната и силно трча низ улицата.Дека е чесен и добро воспитан авторот ни покажува и со тоа што тој запира и се двоуми..помислува и на тоа дека многу ќе го повреди татко му кога ќе дознае дека е крадец.Сепак се упатува кон училиштето и започнува со читање.Бастијан го открива светот на фантазијата. Тајниот свет е преполн со чудни настани.Кулата на слоновата коска е срцето на фантазијата и живеалиште на Детската царица. Набрзо се разбрало дека таа е болна и дека се заканува несреќа на Царството на фантазијата. Со многу емоции Бастијан се внесува читајќи ги настаните кои последователно се нижат.Врв на неговите чувства е неизвесноста и потрагата по лекот . Атреј е јунакот кој помнува низ многу искушенија низ Распеаните дрвја, Мочуриштето на тагата и сите други непредвидени ситуации. Трагајќи Древната морла советува дека треба да се смени името на Детската царица..но тоа да биде дете..Од тогаш во Бескрајната приказна се вовлекува Бастијан, дури и тој самиот сака да биде Детски цар.Сите предизвици низ кои поминува го прават посилен , похрабар и подруштвен.
На крајот сваќа дека мора да се врати во реалноста кај татко му .
Бастијан е пример дека треба да се фантазира, до умерени граници.Оној кој нема фантазија нема ни желби.
No comments:
Post a Comment