Monday, March 26, 2018

                                                          ''Силјан Штркот'' -Марко Цепенков


Силјан Штркот е познато дело од Марко Цепенков.Напишано е на народен македонски јазик со прилепски дијалект. Настаните започнуваат опишувајќи го скромното семејство на Божин и Стојна кои живеат во мала селска куќа со своите деца Силјан и Босилка.Силјан е дете кое е многу галено и чувано , прикажан како лик кој нема грижа на совест и не ги почитува своите родители . Уште на 16годишна возраст го женат со Неда, но тој не е подготвен за брак и си продолжува да си живее онака  како нему му одговара. Ништо не помага по дома и постојано е по меани. Неговиот татко е многу загрижен и се обидува даго врати на прав пат, обраќајжи му се :" Сине бре чедо бре Силјане!жостај се , бре чедо , од лошиот
ајљазлак што си го фатил...
остај се од тие лоши другари...
слушај ме синко, синко,јас што те учам и мајка ти,
оти ќе те фати некоја клетва од нас,
бре синче Силјане!
Но овие молби не допираат до Силјан и тој продолжува да си тера по свое.
Така лутајќи , не помислувална домашните ниту на тоа колку тие се грижат за него...талкајќи се упатил кон " Божјиот гроб ".Дошол до Солун и со гемија тргнал на пат.Но ги зафаќа бура и гемијата се превртува ...единствно Силјан останува жив.
Силјан стигнува во некоја чудесна земја , земја со чудни ликови кои имаат долги нозе и носови..Силјан си ја добил казната..почнал да работи на нива.Многу се променил,станал вреден и одговорен.Многу тагувал по семејството.Од штрковата вода штом се напил и самиот станал штрк.По долго летање стасал до Марковите кули.Бил среќен што ќе си го види семејството. Направил гнездо во неговата родна куќа и си ги гледал своите најмили.По една година откако се напил од човечката вода се претворил во човек.
Сосем променет се појавил пред семејството.Сите биле среќни.Силјан си ги признал грешките и продолжил вредно да работи.

Monday, March 19, 2018

''Вујко Вања'' - Антон Павлович Чехов



Едно од најпознатите драматурски дела од Чехов, кое и до денес е читано, преаскажувано и поставувано на театрските сцени е ''Вујко Вања''.Станува збор за драма во која се соочуваат различни ликови, на кои заедничко им е нивната психолошка состојба.Без разлика дали зборуваме за Вујко Вања, или за Соња или за стариот професор и неговата сопруга, или пак можеби за докторот , зборуваме за личности кои се разочарани , депресивни и затворени во својот свет.Вујко Вања е скромен и мирен човек, трудољубив и  чесен.Тој нема свое семејство а ја има само својата внука Соња.Деноноќно работи на имотот на Серебрајков , го одржува во пристојна состојба и ужива во тоа. Немирот на Вујко Вања се буди кога осознава дека неговиот живот е бесцелен а особено се повлекува во себе кога сваќа дека на неговата љубов не   му возвраќа Елена.Кулминација на драмата се случува кога Серебрајков решава да го продаде имотот , лутината го наведува  Вујко Вања да нишани со огнено оружје кон нго. За среќа куршумот завршува настрана и никој не е повреден. По ова Серебрајков го остава имотот , а тој заедно со младата сопруга Елена се отселува .Серебрајков  е стар, боле и љубоморен.Тој постојано ги обвинува сите и е  многу негативен Елена има само 27 години а е мажена за многу постар човек, заради што сите ја сожалуваат.И нејзинат а смисла заживот е изгубена.
Чехов ни ги прикажува ликовитеонакви какви што се , прикаќувајќи ни го нивното досадно секојдневие.

Monday, February 12, 2018

''Прва љубов'' - Иван Тургенев


Прва љубов е автобиографско  дело на  руски раскажувач Иван Тургенев.Носител на дејството е младиот Владимир Петрович, 16 годишно момче кое живее со своите родители во вила во Нескучни. Настаните се случуваат во 1 833 година.
Неговата мајка била постара од татко му 10 години, и била  многу љубоморна жена. Татко му  Петр Василевич бил строг , студен и самоуверен човек. Со доаѓање на новите соседи , семејството на 21 годишната Зианда Александровна Засекина започнува  и љубовниот немир кај момчето. Секојдневните средби во паркот допринесуваат тој  целосно да се предаде на љубовниот занес. Приказната  го остигнува заплетот кога тој дознава дека во истата девојка е вљубен и неговиот татко. Тоа многу го разочарува. Семејството се преселува во Петроград каде Владимир студира.После шест месеци татко му умира откако претходно од Москва добива писмо дека девојката е бремена.Изминуваат четири години а Владимир дознава дека Засекина се омажила  за богатиот Долски но дека на пораѓај починала.
Младоста, занесот и љубовта се испреплетени во ова дело на Тургенев.

Првата љубов остава големи траги

                                                   
Љубовта е чувство кое секој човек го доживува. Треперење на срцето, возбуда, насмеан лик и расеаност се само неколку од бројните состојби во кои се наоѓаме кога сме вљубени. Љубовта е да се будиш наутро со помислата дека некому си потребен. Тоа е збор полн со чувства и емоции. Деновите без љубов се залудно потрошени денови. Љубовта едноставно се случува кога најмалку очекуваме, но кога ќе не обземе не можеме да ја контролираме и не можеме да ја спречиме.Се појавува како молња а зрачи како сонцето. Љубовта не може да се купи и продаде.Љубовта е несебична. Не можеме да натераме некој да не сака, ниту пак можеме да спречиме некого во тоа.  Љубовта нема граници. Таа доаѓа случајно, по своја  желба и  не може да биде планирана од страна на човекот. Љубовта не може да биде награда, но не може да биде ниту  казна, но може да биде - надеж. Таа е еден вид на пријателство,како кога се зближуваш со некого и со него  го делиш секојдневието.Љубов значи дека ги прифаќаме добрите и лоши страни на одредена личност.Да сакаш некого значи да ти е убаво со него и кога се молчи.
Се смета дека првата љубов остава траги. Големите лаги и неверства ја уништуваат љубовта. Само мал број на луѓе останале засекогаш со своите први љубови.Честопати после љубов доаѓа раздеба. Љубовта не се појавува само еднаш во животот на човекот . Во тоа е нејзината маѓија. Спомените на првата љубов , остануваат во минатото, спомени кои го одрзуваат човекот и често се сеќаваат на неа.

Friday, December 22, 2017

                                     Ликот на Бастијан во романот ,,Бескрајна приказна"



Бескрајна приказна е фантастичен роман во кои  што носител на дејството е Бастијан Балдазар Букс, момче на десет-единаесет годишна возраст. Живее едноставен живот ,неговата мајка починува на операција а грижата за него ја презема татко му кој е забен техничар. Има се што едно дете посакува...топол дом, многу играчки, аквариум со риби, велосипед, фотоапарат ..но се чувствува многу осамен. Особено задоволство му претставува читањето книги.
Така и започнува оваа Бескрајна приказна...Бастијан влегува во една антикварница од каде по краток разговор со продавачот  Карл Конард Корендер искористувајќи го неговото невнимание, ја зема. ја краде книгата која се наоѓала на полицата. Ја става под јакната и силно трча низ улицата.Дека е чесен и добро воспитан авторот ни покажува и со тоа што тој запира и се двоуми..помислува и на тоа дека многу ќе го повреди татко му  кога ќе дознае дека е крадец.Сепак се упатува кон училиштето и започнува со читање.Бастијан го открива светот на фантазијата. Тајниот свет е преполн со чудни настани.Кулата на слоновата коска е срцето на фантазијата и живеалиште на Детската царица. Набрзо се разбрало дека таа е болна и дека се заканува несреќа на Царството на фантазијата. Со многу емоции Бастијан се внесува читајќи ги настаните кои последователно се нижат.Врв на неговите чувства е неизвесноста и потрагата по лекот . Атреј е јунакот кој помнува низ многу искушенија низ Распеаните дрвја, Мочуриштето на тагата и сите други непредвидени ситуации. Трагајќи Древната морла советува дека треба да се смени името на Детската царица..но тоа да биде дете..Од тогаш во Бескрајната приказна се вовлекува Бастијан, дури и тој самиот сака да биде Детски цар.Сите предизвици низ кои поминува го прават посилен , похрабар и подруштвен.
На крајот сваќа дека мора да се врати во реалноста кај татко му .
Бастијан е пример дека треба да се фантазира, до умерени граници.Оној кој нема фантазија нема ни желби.

Sunday, November 26, 2017

Опис на ликот Рафаел

                                                     Опис на ликот Рафаел

Шагринска кожа е дело на францускиот романописец, Оноре де Балзак.Дејството се случува во Париз во почетокот на 19 век, а главен лик е Рафаел де Валентин.Тој е млад,достоинствен и многу наивен.Мечтае да има богат и раскошен живот.Заради тоа ги троши и последните пари во коцкарница,надевајќи се дека одеднаш ќе побегне од сиромаштијата и ке стане богат.Тој смета дека сиромаштијата е причина за сите свои неуспеси.Не ја цени добрината на луѓето ниту смета дека таа му е потребна.Рафаел има лабилен карактер а тоа се гледа кога решава да си го одземе животот, штом сватил дека нема повеќе пари. Сепак шетајќи влегува во една антикварница и решава да купи парче  шагринска кожа за која дознава од продавачот дека истата исполнува желби.За жал не дослушува докрај , дека таа постепено се троши , а со тоа згаснува и животот.
Оддеднаш влегол во светот на богатите и сите почнале да го почитуваат.Животот на Рафаел се променил бидејќи можел да си купи се што ќе посака.Сепак се чувствувал осамено и тажно бидејќи неможел да ја освои убавата Федора.Повеќе од јасно му станува дека љубовта неможе да се купи со пари.Лакомо посакува желби а со тоа се троши шагринската кожа.Љубовта, нежноста и вниманието ги осознава, но за жал на крај од животот. Полин, девојката која уште на почетокот појавува интерес за него а бидејќи е сиромашна тој ја отфрла, е единствената која му ги подарува  моменти на среќа.
Рафаел е  конфузен лик, постојан бунтовник, незадоволник без особена причина.
Предоцна сваќа дека животот има и други вредности.

Saturday, November 18, 2017

Повик на дивината

                                                             Повик на дивината

     Главен лик во романот ''Повик на дивината'' е кучето Бак.Тоа е убаво, расно и цивилизирано куче. Живее на имотот на судијата Милер.Сите го почитуваат и има мирен и удобен живот.
     Но, мирниот живот завршува, откако го киднапираат и продаваат на Дивиот Север.Поради Златната треска,потребата од кучиња се зголемила.И сите ги чека иста судбина.
     Прво го учат законот на стапот и забите.А потоа како се влече санка и секојдневна напорна работа.Постојано се изложени на студ, ќотек.Односот меѓу кучињата се состои од постојана борба за превласт, љубомора, кражби за храна.
    Дури кога го запознава Џон Торнтон, овој кошмар завршува.Со него прв пат се стекнува со вистински пријател и однос исполнет со љубов и почит.Бак го обожува својот нов господар и спремен е се да направи за него.
  Деновите минати на патот кон Исток го подготвуваат Бак за новиот живот во Дивината.Учи да лови и да се одбранува и да се бори сам.Смртта на Џон му паѓа многу тешко и Бак останува сосема сам.Но, со тоа исчезнува и последната врска со цивилизацијата.