Friday, December 22, 2017

                                     Ликот на Бастијан во романот ,,Бескрајна приказна"



Бескрајна приказна е фантастичен роман во кои  што носител на дејството е Бастијан Балдазар Букс, момче на десет-единаесет годишна возраст. Живее едноставен живот ,неговата мајка починува на операција а грижата за него ја презема татко му кој е забен техничар. Има се што едно дете посакува...топол дом, многу играчки, аквариум со риби, велосипед, фотоапарат ..но се чувствува многу осамен. Особено задоволство му претставува читањето книги.
Така и започнува оваа Бескрајна приказна...Бастијан влегува во една антикварница од каде по краток разговор со продавачот  Карл Конард Корендер искористувајќи го неговото невнимание, ја зема. ја краде книгата која се наоѓала на полицата. Ја става под јакната и силно трча низ улицата.Дека е чесен и добро воспитан авторот ни покажува и со тоа што тој запира и се двоуми..помислува и на тоа дека многу ќе го повреди татко му  кога ќе дознае дека е крадец.Сепак се упатува кон училиштето и започнува со читање.Бастијан го открива светот на фантазијата. Тајниот свет е преполн со чудни настани.Кулата на слоновата коска е срцето на фантазијата и живеалиште на Детската царица. Набрзо се разбрало дека таа е болна и дека се заканува несреќа на Царството на фантазијата. Со многу емоции Бастијан се внесува читајќи ги настаните кои последователно се нижат.Врв на неговите чувства е неизвесноста и потрагата по лекот . Атреј е јунакот кој помнува низ многу искушенија низ Распеаните дрвја, Мочуриштето на тагата и сите други непредвидени ситуации. Трагајќи Древната морла советува дека треба да се смени името на Детската царица..но тоа да биде дете..Од тогаш во Бескрајната приказна се вовлекува Бастијан, дури и тој самиот сака да биде Детски цар.Сите предизвици низ кои поминува го прават посилен , похрабар и подруштвен.
На крајот сваќа дека мора да се врати во реалноста кај татко му .
Бастијан е пример дека треба да се фантазира, до умерени граници.Оној кој нема фантазија нема ни желби.

Sunday, November 26, 2017

Опис на ликот Рафаел

                                                     Опис на ликот Рафаел

Шагринска кожа е дело на францускиот романописец, Оноре де Балзак.Дејството се случува во Париз во почетокот на 19 век, а главен лик е Рафаел де Валентин.Тој е млад,достоинствен и многу наивен.Мечтае да има богат и раскошен живот.Заради тоа ги троши и последните пари во коцкарница,надевајќи се дека одеднаш ќе побегне од сиромаштијата и ке стане богат.Тој смета дека сиромаштијата е причина за сите свои неуспеси.Не ја цени добрината на луѓето ниту смета дека таа му е потребна.Рафаел има лабилен карактер а тоа се гледа кога решава да си го одземе животот, штом сватил дека нема повеќе пари. Сепак шетајќи влегува во една антикварница и решава да купи парче  шагринска кожа за која дознава од продавачот дека истата исполнува желби.За жал не дослушува докрај , дека таа постепено се троши , а со тоа згаснува и животот.
Оддеднаш влегол во светот на богатите и сите почнале да го почитуваат.Животот на Рафаел се променил бидејќи можел да си купи се што ќе посака.Сепак се чувствувал осамено и тажно бидејќи неможел да ја освои убавата Федора.Повеќе од јасно му станува дека љубовта неможе да се купи со пари.Лакомо посакува желби а со тоа се троши шагринската кожа.Љубовта, нежноста и вниманието ги осознава, но за жал на крај од животот. Полин, девојката која уште на почетокот појавува интерес за него а бидејќи е сиромашна тој ја отфрла, е единствената која му ги подарува  моменти на среќа.
Рафаел е  конфузен лик, постојан бунтовник, незадоволник без особена причина.
Предоцна сваќа дека животот има и други вредности.

Saturday, November 18, 2017

Повик на дивината

                                                             Повик на дивината

     Главен лик во романот ''Повик на дивината'' е кучето Бак.Тоа е убаво, расно и цивилизирано куче. Живее на имотот на судијата Милер.Сите го почитуваат и има мирен и удобен живот.
     Но, мирниот живот завршува, откако го киднапираат и продаваат на Дивиот Север.Поради Златната треска,потребата од кучиња се зголемила.И сите ги чека иста судбина.
     Прво го учат законот на стапот и забите.А потоа како се влече санка и секојдневна напорна работа.Постојано се изложени на студ, ќотек.Односот меѓу кучињата се состои од постојана борба за превласт, љубомора, кражби за храна.
    Дури кога го запознава Џон Торнтон, овој кошмар завршува.Со него прв пат се стекнува со вистински пријател и однос исполнет со љубов и почит.Бак го обожува својот нов господар и спремен е се да направи за него.
  Деновите минати на патот кон Исток го подготвуваат Бак за новиот живот во Дивината.Учи да лови и да се одбранува и да се бори сам.Смртта на Џон му паѓа многу тешко и Бак останува сосема сам.Но, со тоа исчезнува и последната врска со цивилизацијата.

Monday, November 6, 2017

Панонски Легенди

                                                                ''Панонски легенди''

Панонските легенди претставуваат дел од најстарите словенски книжевни дела кои имаат книжевно-историска вредност.Се смета дека Панонските легенди прво биле напишани на грчки јазик,а потоа биле преведени на словенски јазик.За ова нема сигурни докази.Инаку општо е прифатено мислењето дека оригиналот на Панонските легенди бил напишан на словенски јазик.Ова се опширни житија на браќата словенски просветители Кирил и Методиј.Панонските легенди содржат податоци за животот и работата на творците на првата словенска азбука,словенската писменост и книжевност.Во Солун е роден Кирил како седмо дете на Лав и Марија. Лав бил помошник на воениот командант на солунската област а Марија потекнувала од видно семејство блиско до царскиот дворец.Земајќи предвид дека Кирил имал можност да се здобие со солидно образование.Во училиште покажувал голем успех,бил библиотекар,а работел и како наставник по филозофија во Магнуарската школа.Бил испраќан во три мисии : Арапската мисија,Хазарската мисија и Моравската мисија.Најзначајна мисија е Моравската,бидејќи заради неа ќе биде создадена првата словенска азбука.Завршниот дел на житието на Св.Кирил ги опишува неговите последни денови и неговата смрт.Негова последна желба е да се сочува и продолжи неговото дело.

Житието на Методиј е напишано 16 години подоцна.Бидејќи потекнувал од висок род,тој бил управител на една словенска област.Методиј се замонашил на планината Олимп.Во ова житие е прикажана борбата на Методиј со германското свештенство.Методиј работел во тешки услови и за шест месеци тој успеал да ги преведи богослужбените книги од грчки на словенски јазик.Во крајниот дел на неговото житие е прикажан погребот и неговата последна желба за свој наследник и продолжувач на делото да го назначи Горазд.

Wednesday, October 18, 2017

Сердарот - Григор Прличев

                                                 ''Сердарот'' - Григор Прличев

Основна идеја на поемата Сердарот е да се  прикаже минатото на македонскиот народ и нивната желбата за слобода.
Кузман Капитан е носител на дејството на оваа потресна поема на врвниот писател Григор Прличев. Кузман е претставен како заштитник на македонскиот народ,човек кој неизмерно ја сака својата мајка,а го почитува својот народ и прави се за да го ослободи од непријателот,кој секојдневно го тероризира. Тој решително влегува во пресметка со окупаторот. Кузман е претставен како храбар,неуморен борец за слобода на својот напатен народ. Карактеризиран е како чесен, мирен и пожртвуван бестрашен човек кој ги мотивира своите другари да му се придружат во борбата за слобода. Тој е подготвен и го дава својот живот за слободата. Роден е во Река,неговиот дедо се викал Раде а татко му Станко. И тие биле храбри борци,тоа Кузман го наследил од нив. Кузман е горд син на Сердар-водач. Уште како мал сонувал дека има меч кој ќе му користи за да ја заштити својата мајка од разбојничките банди. Сонот му се исполнил,со меч во рака рамо до рамо со своите другари се пуштил во борба која била нерамноправна.Тие биле малубројни во однос на добро вооружениот непријател.Во една таква битка на двобој со Махмуд,Кузман загинал.Токму овој двобој на многу сликовит начин ни го претставил авторот.Во ова се гледа и совршенството на оваа поема,фактот што албанците-гегите се поклонуваат на јунаштвото на Кузман.Тој како и сите млади луѓе има и своја сакана,тоа е младата и убава девојка Марија,со која сакал да остане до крајот на животот.За жал смртта ги разделува а неговата свршеница која е тивка и умерена личност утеха во својата тага, наоѓа во тоа што се закалуѓерува во манастир.
Ликот на Кузмановата мајка Неда во Прличево дело е претставен со огромна љубов и нежност.Таа целиот свој живот му се посветува на својот син Кузман кој израснал во храбар јунак,достоен да го заштити поробениот македонски народ.Преку ликот на Неда авторот ги претставува секојдневните навики на македонскиот народ.Колку што е голема љубовта кон својот син,уште поголема е нејзината тага што таа ја доживува кога ќе дознае дека го загубила.Со посебни зборови се опишани сонот и лошото претчуство што Неда го има пред да ја дознае трагичната вест.
Неда е претставена како горда жена.Нејзиниот плач и болката која ја чуствува ја прави уште посилна,поодлучна во желбата да се спротивстави на непријателот.Помислата дека останува без својот син единец, без својот заштитник ја растревожува. Омразата преминува во бес и  желба за одмазда. Неда од срце посакува слобода,сака да му помогне на напатениот народ,сака болката која таа ја доживеала, ниедна мајка-никогаш да не ја почувствува.Нејзиниот крик кога дознава за страшната вест, се шири низ целата околина на Река: Неда го зема мечот во раце и ветува дека ќе ја продолжи борбата за слобода .
Средишно место во оваа поема заземаат Гегите- албанците.Тоа се непријателите кои секојдневновршат терор врз македонскиот народ.Тие го пљачкосуват населението.Херој кој не се плаши од ништо , човек  како Кузман никогаш немаат сретнато.Во еден стих тие се обраќаат на мајка Неда:
..јас не сретнав појунак човек жено,од сина ти сакан,
И блажени нека се твоите гради довек,што го отхраниле така...
Гегите во оваа поема се претставени како негативни ликови, како немилосрдни убијци.
Тие искажуваат и еден вид на чесност, кога го носат мртвото тело на Кузман во домот на мајка Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда македонско население.На тој начин, сепак, тие ја покажуваат својата човечност.Стариот Албанец сосвојата мудрост и желба да ја утеши тажната мајка и се обраќа со зборовите:
...и везден ти да плачеш, имаш и зошто...ти загуби о, мајко џин...
Стариот албанец ја опишува борбата помеѓу Кузман и Мухамед , борба во која Кузман загинал. Од голема почит кон јунакот,старецот ветил дека Гегите никогаш нема да ја навредат , ниту пак нападнат Неда, дека таа секогаш ќе биде заштитена.
Ова покажува дека Кузман е лик на возвишено јунаштво кој е почитуван дури од непријателот.
И покрај вака искажаните зборови, Неда не само што не прифаќа да биде заштитена туку најжестоко влегува во борба против непријателот, во борба за одмазда на својот син.
Григор Прличев веродостојно ја опишал општествено-политичката состојба на македонскиот народ од Галичник и Река.
 

Sunday, October 8, 2017

"Илијада" - Хомер

"Илијада" - Хомер

Делото Илијада извршило големо влијание врз создавањето на европската литература и култура.Ова е единствената поема за љубовта и смртта,тоа е епопеа во која е прикажана древната култура,а преку Хомеровите јунаци се отсликани особините на народите од Балканскиот полуостров, особено на данајскиот народ, потоа на тракијците, пелазгите, македонците и други.
Настаните се случуваат во Троја во V и VI п.н.е.
Во Илијада има многу ликови и сите се со различни карактери.
     Агамемном е арогантен, Ахил е храбар, Одисеј е итар, Хектор е нежен сопруг, добар татко и син, Андромаха е верна сопруга и добра мајка, а Елена е несреќна и тажна жена.Низ бројните настани претставени се низа искушенија до кои доаѓале јунаците.

     Ахил се повлекува од војната бидејќи е гневен на Агамемном што му ја одзел слугинката, робинката.

     Зевс им забранува на боговите да се мешаат во војната се додека не се врати Ахил во војничките редови. Тројанците победуваат во војната и ги потиснуваат Ахајците во логорот.Тогаш се вмешува божицата Хера. Патрокло оди во напад. Во двобој со Хектор тој умира.

    По смртта на Патрокло, Ахил бил многу гневен. Го предизвикува Хектор на двобој и го убива. Кралот Пријам бара да го добие телото на Хектор, а Ахил решава да му го даде. Со закопот на Хектор, завршува и војната.

   Заплетот настанува кога Хектор го убил Патрокло, а Ахил кога разбрал решава да го повика на двобој. Се нижат настани, војната завршува. Ахил се одмаздува со тоа што го убива Хектор.



                                                         Марко Марашевиќ IX-6 


Saturday, March 25, 2017

Тоше Проески

Јас , Сара Владимирова и Дино Трајчевски имавме задача да ја презентираме биографијата за легендата Тоше Проески.
Тоше е лик кој зад себе остави голем музички опус кој ке остане запаметен засекогаш.
Најнапред ги проучивме неговите почетоци во родното Крушево.Потоа обезбедивме фотографии од концертите кој тој ги има одржано.Најтажен дел беше кога се информиравме за сообраќајната несреќа . Средениот материјал го залепивме на хамер и се поделивме за презентација.Македонија е горда што има ваков пејач познат насекаде .. 

Tuesday, February 28, 2017

Обработка на Лектирно дело „Времеплов“ од Х.Џ. Велс

Блогот на Марко Марашевиќ

За обработка на лектирата Времеплов од авторот Х.Џ.Велс имавме задача да се поделиме во групи.Јас и Дино ги анализиравме судирите/проблемите.За ликовите беше Илина,а за чувствата беше задолжена Анастасија.                      , 
Цело време бевме во комуникација и се договаравме, сакајќи оваа задача успешно да ја завршиме.  
Оваа лектира со својата невообичаена тема ни пренесе  едно доживување, ни ги пренесе авантурите на  Џорџ, наречен Времепловецот. Овој научник создал временска машина со која можел да патува низ времето.
Уште на почетокот, претставувајќи го својот изум на пријателите започнуваат проблемите.Сите биле скептични и верувале дека ваква машина е непотребна.
И при обидот да најде подобро место за живеење Времепловецот се судира со проблеми.
Тој бил  зачуден и заради постојаниот судир помеѓу Елоите и Моролците,заради нивната вечна борба.
Желбата на Времепловецот да истражува и при тоа да помага се испреплетени во целото дејство на делото Времеплов. Тоа се гледа и во моментот кога девојката Вина се дави а Џорџ и помага,
Времепловецот понекогаш е во судир со самиот себе.Во моментите кога не добива поддршка од своите пријатели ја преиспитува одлуката, но сепак се обидува да истрае во своите планови.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдоброто за младите на моја воздраст?

Се во свое време...... честопати слушаме од постарите. Во овие неколку збора е одговорот на многу прашања со кои сакаме да си ги објасниме добрите  или лоши настани што се случуваат во нашите животи. Нема само добри и само лоши времиња, или пак најдобри и најлоши .

Добро е затоа што сме родени во мир. За среќа на сите нас нема војни и страдања овде кај нас и растеме и се образуваме без да ги делиме проблемите кои ги имаат децата кои живеаат во земјите каде има војни и страдања. Жално е што не можеме и ним да им помогнеме да и тие имаат дел од нашата среќа што сме родени во мир.

Добро е затоа што живееме во еден вид на благосостојба. Се уште јас и моите соученици моите
другари од маало имаме доволно храна и облека и услови за живеење кои ги немаат на многу места на овој на свет. Сето тоа ни овозможува да можеме да растеме и се развиваме и допринесем за доброто на нашата земја и светот.

Добро е што ја имаме на наше располагање сета напредна технологија која ни овозможува да комуницираме меѓу нас,  да разменуваме мислења, да го скратуваме потребното време во извршувањето на одредени задачи, да го имаме како што се вели светот на дланка и да дознаваме за многу нешта , добри или лоши од целиот свет преку нашите компјутери.

Како што реков нема само добри и лоши времиња. Се е измешано и доброто и лошото и за среќа на сите нас се уште доброто е застапено во поголема мерка. Зато јас пишував само за доброто и некако како да сакав да прикријам дека не е добро тоа што деновите ги поминуваме
заробени во игар на компјутерите, во постојан контакт преку разни апликации со телефоните , а се помалку во играње со другарите по паркови, свирење гитара и пеење по дворови. 
Но се во свое време.